Пресметката не е агитација за вакцинирање, секој со свој памет-проф. Трајковски објави нова анализа
Професорот од Техничкиот Факултет во Битола, проф. Дејан Трајковски објави уште една анализа која се однесува на врската помеѓу опфатот со вакцинација и смртноста поради компликации од корона вирусот.
-За да имаат некаква смисла броевите, ја проширив табелата со броевите на жители на општините и морталитетот по општини во летниот бран, пресметан на 100.000 жители. МЗ дава податоци само за екстремно многу и екстремно малку вакцинираните општини, но сепак на дијаграмот се забележува силната негативна корелација, односно колку поголем опфат со вакцинација - толку помал морталитет. Најголемиот губитник е Гостивар, каде морталитетот е цели 30 пати поголем отколку во Кавадарци. Резултатот воопшто не е изненадувачки, затоа што Гостивар има најниска, а Кавадарци највисока стапка на вакцинираност (29,6% наспроти 61%).
Oваа пресметка не претставува никаква агитација за вакцинирање. Нормално, секој со својата памет самиот ќе извлекува заклучоци и ќе одлучува за себе...