Пресреќен ужива во татковството: Милош Биковиќ на свеж морски воздух со синот Василије

Добивај вести на Viber

Малиот Василије ужива на свеж воздух со неговите родители. Фотографијата од популарниот српски актер Милош Биковиќ и неговиот син Василије ќе ве разнежни.

Сопругата на актерот Ивана Малиќ ја објави фотографијата која за многу кратко време стана вирална во медиумите.

Инаку парот синот го добија на почетокот на оваа година.

Судејќи според фотографиите на нивните социјални мрежи, Милош и Ивана уживаат во родителството.

Прошетка на свеж воздух покрај море, додека Милош го краси насмевка на лицето.

Семејната идила која парот ја споделува со своите следбеници покажува колку тие уживаат во новата улога во животот.

Да потсетиме, Милош Биковиќ еднаш откри како се справува со новата животна улога.

- Па, во таа улога човек се исполнува додека е жив. Се надевам дека цел живот ќе се исполнувам во таа улога. Таа улога се развива. Ќе видиме кога таа комуникација ќе стане малку поинтензивна. Засега се сведува на плачење, некои мои, некои негови - призна актерот.

Фото: Инстаграм
Извор: Телеграф.рс