Пресврт во кралскиот двор: Што одлучи сега кралот Чарлс за нив двајца?

Добивај вести на Viber

Британскиот принц Хари (38) и неговата сопруга, американската актерка Меган Маркл, ќе бидат поканети да присуствуваат на крунисувањето на новиот крал Чарлс Трети, кое ќе се одржи за време на тридневната церемонија закажана за почетокот на мај!

Британските таблоиди претходно објавија дека најстариот син на кралицата Елизабета Втора, која почина во септември минатата година, бил толку бесен на својот помлад син поради изнесувањето на “валканата долна облека“ во книгата со наслов „Резерва“, што решил да го изостави од крунисувањето.

Маслиново гранче

Сепак, „Сан“ сега објави дека имало пресврт на судот и дека поканата до принцот Хари и неговата сопруга да присуствуваат на крунисувањето на Чарлс со нивните деца би било чекор кон големо помирување во кралското семејство.

Засега нема потврда дека принцот Хари позитивно ќе одговори на поканата или можеби самиот ќе отиде на крунисувањето на неговиот татко, со оглед на тоа што неговата сопруга Меган Маркл не се согласува баш најдобро со свекорот и деверот Принцот Вилијам, кој е втор по ред за британскиот престол.

- Принцот Хари и неговата сопруга дефинитивно ќе бидат поканети на крунисувањето и се подготвуваме како да доаѓаат - изјавил за Сан извор од организацијата вклучена во планирањето на целата церемонија.

Откриено која е мистериозната дама: Принцот ја изгубил невиноста со неа

Откако принцот Хари ги објави своите мемоари и го опиша своето прво сексуално искуство, во јавноста се шпекулира за идентитетот на „постарата дама“ со која ја изгубил невиноста на ливада зад паб. Сега конечно е откриено дека тоа е Саша Волпол (40), денес мајка на две деца која работи на фарма.

- Излеговме од пабот да испушиме цигара. Почна да ме бакнува. Беше страсно, интензивно. Отидовме од бакнежот на подот прилично брзо. Беше одлично бидејќи не требаше да го правиме тоа. Тој не беше принцот Хари за мене, тој беше Хари, мојот пријател – изјавила таа.

Тој настан го означи и крајот на нивното пријателство. Тие веќе не разменувале пораки и никогаш повеќе не се виделе.

Маслиновото гранче што Чарлс III му го подари на својот син би можело да биде првиот чекор кон закопување на секирите во Бакингемската палата. Принцот Хари и неговата сопруга го напуштиле кралското семејство и се преселиле во Калифорнија во 2020 година. Двојката има две деца.

Извори блиски до новиот британски крал веруваат дека присуството на принцот Хари и Меган на крунисувањето ќе привлече помалку медиумско внимание отколку нивното отсуство. Од друга страна, принцот од Велс, како што е официјалната титула на принцот Вилијам, верува дека неговиот помлад брат би можел да го искористи крунисувањето на неговиот татко за да се преобрази себеси како жртва, како што тоа го правеше во своите мемоари.

Околу 2.000 гости

Дејли мејл објави дека околу 2.000 гости од целиот свет ќе бидат поканети на крунисувањето на Чарлс III. Меѓу нив ќе има светски лидери и познати личности.

Поканите ќе бидат испратени подоцна овој месец. Во Бакингемската палата беше одлучено крунисувањето да биде модерно, но во согласност со традицијата. На крунисувањето на Елизабета Втора во 1953 година присуствувале дури 8.000 гости.