ПРИФАТЕТО ГО ДЕТЕТО КАКВО ШТО Е , НЕ ОЧЕКУВАЈТЕ НИШТО ОД НЕГО: Корисни совети од психолог
Дали детето да учи странски јазици пред училиште? Како да реагирате на лошите оценки? Како да му помогнете на детето во пубертетот и пред приемен испит? Еве што за сето тоа вели познатиот руски психолог Михаил Лабковски.
- Пред училиште не треба многу да ги оптеретувате децата. Никви странски јазици ниту курсеви за интелектуален развој. До 6-7 години детето не е подготвено да прима многу информации. Вие ќе загубите пари, а детето ќе го загуби детството.
- Немојте за прваче да барате „јако“ школо. Во пониските одделнија најважно е детето да чуствува комфор. Затоа изберете „нормално“ училиште, близу до вашиот дом. Детето не би требало да ја троши силата на патот до училиште, а полесно ќе му биде да се вклопи со децата од одделение ако му се во близина.
- Првата учителка не треба да биде строга туку добра. Потребен ви е педагог кој ги сака децата и работи во училиштето затоа што си ја сака работата. Затоа, распрашајте се кај соседите што имаат деца во погорните одделние за наставниците.
- Училиштето е одговорност на вашето дете, а не ваша. Договорете се со детето: „Мене твоето училиште не ме интересира, а јас нема да те вознемирувам тебе“.
- Престанате да го испрашувате детето што се случувало на секој час и претерано да реагирате на оценките. Ако детето не сака да зборува за училиштето, не треба со клешти да му извлекувате зборови од уста.
- Домашната не треба да се работи со детето, не треба да му ги местите книгите, ако нешто заборавило, тоа треба да е негова грижа.
- Ако наставникот не го сака вашето дете, проблемот мора да се реши. Прво разговорате со наставникот, потоа со директорот, а ако нема резултат, одете понаму. Во краен случај, префрлете го детето во друго училиште.
- Пубертетот е најтежок период во периодот на вашето дете. Почнува помеѓу 12 и 14 година, и трае до 15-16 година. Тоа е време на сложени психички и физчички промени, хормонален дисбаланс, психолошки проблеми, замор. Детето може послабо да учи, од одличен ученик да стане тројкаш. Ако не сакате потешки проблеми, мојот совет е да го оставите детето на мира. Ваша задача е тој период да помине што помирно, за кошмарот побрзо да заврши.
- Не треба да имате отворен конфликт со наставниците или со директорот. Ако ве повикаат на разговор да ви се пожалат од детето и да ве опоменат дека програмата е сложена и треба да ѝ се посветите и вие заедно со детето, не се противете. Согласете се, и продолжете да си терате по свое.
- Не е неопходно да ги развивате талентите на детето ако тоа не го сака тоа. Талентот треба да нуди радост, а не да се искористува. Не терба да се напрегате и да барате од психолози да откриваат каков талент лежи во вашето дете. Најчесто во него не се крие ништо особено и во тоа нема ништо трагично.
- Најважно е да го прифатите своето дете не очекувајќи ништо од него. Не е важно колку учи, сакајте го какво што е, и што и да направи. Кога ќе има 15 години, ќе биде потешко отколку кога имало пет. Детето со ниту една негова постапка, во вас не треба да предизвика никаква одбивност. Но, за да биде така, прво треба да се сакате себе си.
Извор: chips-journal.ru
Фото: finance.zacks.com, steemit.com