Пријави го својот тим на глобалниот младински предизвик: Генерација без граници

Третиот по ред младински предизвик: Генерација без граници (Generation Unlimited), ќе се одржи во 40 земји во светот, а вие можете да бидете дел од оваа глобална иницијатива.

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат сите млади иноватори од 16 до 24 години да достават идеи за дигитални решенија за справување со климатските промени под слоганот „Технологија за планетата“.

Средношколци, студенти и заинтересирани млади луѓе, пријавете го својот тим, од 3 до 5 учесници и бидете креатори на својата иднина. Идеите ќе се развиваат со менторство на професионалци, преку design thinking работилници. eBionics, а во 2019 година, тимот АндроМета.

Овогодинешниот младински предизвик на УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија се спроведува во соработка со Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21.

Повеќе информации за предизвикот и апликацијата на линкот: https://bit.ly/3KQUDxr и линк до Facebook настан: https://bit.ly/3FBWd5w

ПР објава