Пријовиќ: Со Филип често се карам, со Брена не
Српската пејачка Александра Пријовиќ вели дека често се кара со својот сопруг, Филип Живојиновиќ, синот на поранешниот тенисер Боба Живојиновиќ, сопругот на Лепа Брена. Во интервјуто за Информер.рс таа вели дека иако има несогласувања со сопругот, со Лепа Брена никогаш не се кара.
„ Со Филип често се расправаме, но тие расправии се повеќе комични. Се караме исклучиво за ситници и тој „проблем“ го надминуваме за пет минути. Со Брена никогаш не се карам, затоа што нема причина за тоа. Се согласуваме во сѐ“, раскажа Пријовиќ која во март стана мајка на Александар.
Во интервјуто, таа прговори и за естетските корекции.
„Слатки ми се тие кои ме обвинуваат за тие операции. Јас сум за тоа секој да си води грижа за својот живот и да го прави она што го сака. Правев операција на на усните и на носот. Па што? Важно е дека сум здрава и сека самата на себеси си се допаѓам. Другото е небитно“, додала пејачката.
Александра раскажала дека таа и Филип не потпишале предбрачен договор, туку си рекле: „Сѐ што е мое е и твое“.
„Како и во секој брак, имаме заеднички буџет, и двајцата работиме“, вели Пријовиќ. За Лепа Брена, таа раскажа дека е чест гостин во нивниот дом особено откако се роди Александар. Најдобар совет кој го добила од неа е: „Секоја мајка најдобро знае што е најдобро за нејзиното дете“.