Приказна која го потресе регионот: Ова е итен апел да престанете да бидете кукавици и да го искористите животот

Дваесет и три годишниот Ади Бебаниќ од Мостар со своите пријатели на Фејсбук сподели искрена порака поради која многумина останаа без зборови

Во декември 2011-та година, светот се сруши. Отиде сè што сакав и што сакав да бидам. Не го сакам декември, а ни зима. Го зеде татко ми и никогаш не го врати. Имаше 44 години. Тој ми беше сè, а јас никогаш не му го кажав тоа и никогаш нема да си простам. Останав во куќа со три жени, мајка ми, мајка му и сестра ми. Мајка ми имаше 38, сестра ми 14.

Со месеци бев во тоа семејство, внук, брат, син. Домаќинот кој вареше кафе. Секој ден правев ручек и вечера. И истиот го грлав, бидејќи не јадеа, не можеа од болка и тага. Бев и оној кој со месеци не спиеше, бидејќи бришев туѓи солзи, а никогаш не заплакав. И цело време бев и ученик, одличен во гимназија.

Десет дена по таа ноќ во декември, сестра ми едвај преживеа операција на цревата, една, па друга и трета. Лекарите си играа со неа, ја сечеа онака како што сакаа и ја корегираа секоја грешка со ново сечење. Не плачав повторно.

Една година по фаталниот декември, имав 18 години. Истата болница, нова дијагноза. Сега мама. Болест од три букви. Немаш татко, а сега нема да имаш ни мајка - секоја ноќ ист кошмар, исти грижи и страдања. Повторно не плачав. Плачеше сестра ми, не можевме и двајцата.

Една година никој не работеше, а сите имавме потреба, не знам што јадев и од што живеев, но никогаш не се откажав.

Денес имам 23. Работам од 18. Имам пет години работно искуство, го правам она што го сакам и се смеам додека одам на работа. А никогаш не сум имал некој да ми биде ветар во мојот грб или да ме посочи.

Мојата сестра има 21 година, таа е најубава во светот и има две работни места, минатата недела ми позајми некоја пара, ми беше итно. А мојата мајка денес е буцка, повторно во бело и најомилениот фармацевт во градот на Неретва.

Не го пишувам ова за да удрам по нечија сентименталност. Денес, не ми е потребно сожалување, ги живеам своите соништа. Ова го пишувам затоа што ми е доста од тоа колку се жалите и ви смета сè што ви се случува. Полни сте со негативност и сте празни. Никој од нас немал одличен живот. Сме биле и тажни и мртви, повторно живи, гладни, па повторно сити.

Земете го животот во вашите раце и истресете го. Искористете ја шансата и сакајте го тлото под кое одите, ваше е. Ова не е мотивациски говор.

Ова е итен апел да престане да бидете кукавици, да престанете да осудувате сè што не ви е природно на социјалните мрежи, престанете да бидете дел од војката која постоела уште пред да се родите, престанете да се делите и ве молам, немојте да мразите.

Го имате овој живот, искористете го. Сакајте со целото ваше срце.

Добра ноќ.