Во услови на големи предизвици за државата која е на крстопат кон иднината, а со товарот на минатото, Фактор денеска слави шест години откако го објави првиот збор, првиот текст. Исто толку години редакцијата ги живееше предизвиците на Македонија, имаше и свои. Многу цели беа поставени ама и реализирани. Медиумот растеше во специфични политички и економски околности, ама порасна во здрав извор на вистината.
За вистината зборуваме и тогаш кога другите тврдеа дека е лага. Затоа Фактор сега е еден од најрелевантните медиуми во земјава, медиум со квалитено четиво и со исклучително квалитетна публика. Затоа има и точни мерења. Имено според истражувањето на ТГИ (Таргет груп индекс) Фактор се издвојува на онлајн просторот во повеќе параметри и е над просекот кога станува збор за неговите читатели меѓу кои најголем дел се помлади и високообразовани.
Но, ние во сите овие години не им се обраќавме само на еден дел од читателите. Ни беа важни сите. Фактор е профилиран да опфаќа теми најмногу од економскиот живот во земјава, ама тој е и еден од малкуте кои ги објавуваше успешните бизниси и ги детектираше нивните аномалии. Од дел од директно засегнатите добивавме и кривични пријави небаре ние им сме виновни затоа што работат непрофесинално или полукриминално. Како потврда на нашата професионаlност, досега судот сите тужби против factor.mk ги отфрли како неосновани.
Горди сме дека паралелно растевме во чекор со компаниите кои во последните години успеаја да одат напред, да книжат добивки, да исплатуваат бонуси. Се разбира, на медиумот имаше и критики и тоа не само за компаниите од реалниот сектор, туку и за финансиските институции, за Народната банка, како и за државните институции и за политиките на власта, било да се работи за едната било за другата.
Драго ни е што владите се менуваат, а Фактор продолжува да пркоси на предизвиците. Нерегулираниот бизнис во секторот каде што плива Фактор сериозно создава проблем за нормално функционирање, но, од досегашното искуство едно научивме, квалитетот порано или подоцна читателите, компаниите и маркетинг агенциите како наши главни клиенти ќе го препознаат.
Во 2012 година, кога почнувавме, Македонија беше погодена од ефектите од светската финансиска криза. Во тој период македонскиот бруто домашен производ забележа негативна стапка на раст, прв пат по 11 години раст. Стапката на невработеност беше над 31 процент, а кредитниот раст за прв пат по подолго време падна на околу пет проценти на годишно ниво. Странските директни инвестиции имаа слободен пад, продолжи трендот на раст на јавниот долг.
Заздравувањето беше тешко, компаниите трупаа долгови, граѓаните не беа во можност да ги вратат старите па се соочуваа со блокади. Банките запреа со кредитирањето, а државата се задолжуваше за да гради. Јавниот долг се зголеми, ама никна и Скопје 2014.
А Фактор остави сериозен белег токму во тие години. Со текстови, анализи, интервјуа, колумни медиумот придонесе за зголемување на дебатата за проблемите, но и свесноста кај граѓаните за сите аномалии. Тогаш кога малку медиуми пишуваа за вистината, Фактор неуморно ја бараше, поставуваме прашања, баравме одговори.
Македонија сега е можеби пред уште поголем предизвик – тој е и наш предизвик. Граѓаните и нивното подбро утре е наш приоритет. На тоа работиме сите новинари кои на каков било начин сме вклучени во работата на медиумот, но и многу други соработници, колумнисти.
Наш проект е и телевизиската емисија Фактор Магазин.
Но, најважна алка во целиот систем се сопствениците на медиумската групација Александар Манев и Крсте Шајноски, двајцата инспиративни, но и столб на медиумот кој е поставен на цврсти темели уште од стартот.
Пред точно една година групацијата се прошири со уште еден квалитетен медиум кој се обраќа на една од најспецифичниите групи читатели.
Уште во првите денови кога почнуваше Женски магазин, се наметна една нималку наивна борба. Со квалитетни авторски содржини да им се спротиставиме на изнасилените идеи, лажните емоции и на вулграните наслови. Она што секојдневно се пласира за кликови многу потешко поминува кај специфичната женска публика, кај современите дами кои одлучија да му веруваат токму на менито кое секојдневно го креираме.
Женски Магазин е најбрзорастечкиот македонски портал. Нашите читателки, секој ден сѐ повеќе на број, нѐ охрабрија да веруваме во чуда. Нашите читателки покажаа дека умеат да се информираат, едуцираат и пред сѐ да се забавуваат и без сензации.
Од денеска пак, на двете годишнини, на Фактор и на Женски магазин смејството добива и нов член. Почнува со работа, првиот тинејџерски портал во Макеоднија – Hashtag.mk Создаден е за тинејџерите. Ним да им го олесни секојдневието, ама и да ги инспирира, да ги забавува. Заштитни лица на Hashtag.mk се Иван Бошковски и Христина Цветкоска, кај нивните фанови познати како јутјуберите Иван Ајнштајн и Кике Цветче.
Но, тука не застануваме. За седмиот роденден бидете подоготвени Групацијата Фактор да излезе со уште еден нов проект, идентично интересен, атрактивен и повторно насочен да ги задоволи вкусовите на таргетираната публика. Дотогаш уживајте во медиумското порталско шоу кое во следниот едногодишен период ќе ви го подготвуваат faktor.mk, zenskimagazin.mk , hashtag mk и магазинската емисија која се емитува на 24 Вести Фактор магазин.