, ,

ПРИКАЗНАТА ЗА ГАСТРОТЕКА СИЕСТА: Уникатна храна во опуштен амбиент

Добивај вести на Viber

Покрај доброто мени, на гостите денеска подеднакво им е важно уредувањето и ентериерот на ресторанот, заради комплетирање на сите сетила. Токму заради тоа,ние на едно место ги соединивме врвната храна и пријатната атмосфера, каде што секој сака повторно да се врати, за целосно да уживаво симфонијата на вкусови од модерната интернационална кујна, вели Ненад Станков, менаџер на локалот

Речиси година и половина Гастротека Сиеста ненаметливо, но упорно го наоѓа својот пат до оние со урбан и префинет вкус, креирајќи ново искуството на скопската гастро-сцена.Отворена кон крајот на 2016 година, сместена на улицата Македонија, во центарот на македонската метропола, „Сиеста“ е малкупонастрана од фреквенцијата, во мирната уличка спроти популарната скулптура – Бикот, како тивка оаза среде центарската бучава.

- Нашето место e за кафе дружење, но и за љубителите на доброто залче, спакувано во интересна мени-понуда - порачува Ненад Станков, менаџер на локалот. 

* За кусо време се наметнавте како еден од најурбаните угостителски објекти во срцето на градот. Што го прави Вашиот локал различен од останатите?

- Гастротека Сиеста е локал различен од останатите, пред сè поради прекрасниот уникатен, модерен и префинет амбиент, кој што ви нуди чувство и буди сетила како да се наоѓате во некое од бистроата во парискиот Сен Жермен или римскиот Трастевере. Сиеста е место каде што ќе се чуствувате пријатно, можеби вршејќи бизнис средби, пиејќи кафе со пријателите, прославувајќи лични или професионални успеси или, едноставно, лежерно читајќи без некој да ви пречи. По завршувањето на работното време нудиме можност да се опуштите во една релаксирана атмосфера. 

Покрај добрата храна, на гостите денеска подеднакво им е важено уредувањето и ентериерот на ресторанот, заради комплетирање на сите сетила. Токму заради тоа, Гастротеката Сиеста на едно место ги соединува врвната храна и пријатната атмосфера, каде што секој сака повторно да се врати, за целосно да уживаво симфонијата на вкусови од модерната интернационална кујна.

* Тие што веќе го посетиле, локалот го опишуваат како топло и пријатно место со одлично осмислени оброци и прифатливи цени. Што сѐ нуди Гастротека Сиеста?

- Менито се заснова врз модерни јадења. Појадокот ни е препознатлив по тостот со пржени лепчиња, а секој кој што веќе пробал, знае за што станува збор. Тука се и превкусните супи.Салатите се посебна приказна, затоа што во нив можете да најдете смоква, нектарина, резанки од тиквички со мус од сирење и јатки, авокадо и слични невообичаени комбинации за нашето поднебје. Од главните јадења би го одвоил мисиркиното во сос од сино сирење, едено од најбараните од менито. Остатокот од понудата е надополнет со разновидни популарни даски, брускети, потоа вкусни бургери и, секако, вкусните тапаси, на кои што сме особено горди. Ако ме прашате за десерт, веднаш ќе ви одговорам без да размислувам многу: препорачувам од нашите специјални палачинки со алва.

* Она што прво паѓа в очи е ентериерното уредување. Кој го осмисли просторот, кој е авторот на уникатниот дизајн?

- Гастротеката Сиеста е креирана така што секој посетител да може да ужива во уникатна храна и во опуштениот амбиент. При уредување на ентериер се тргна со идустриски дизајн и во текот на изработката се менуваше. Искористени се природни материјали, топли бои и квалитетно амбиентално осветлување, како би се постигнала атмосфера која што нема да привлече само со храната, туку ќе осигура и позитивно искуство на повеќе нивоа. Останатиот мебел и терасата е изработен од ковано железо и дрво, комбинирани во природни пастелни бои, создавајќи чувство на удобност во просторот. Сакав на овој начин просторот максимално да биде искористен и лесно да се прилагоди на потребите на гостите, без разлика дали се дојдени за кафе,на деловен ручек, на романтична вечера или, пак, на коктел пијалак со пријателите.

Винскиот дел е баш препознатливо уреден, како вистинско место за уникатно искуство, во топлината која ја дава старата печена тула и, секако, во удобното седење.

* Вкусната храна мора да биде надополнета со добра музика, за пакетот да биде совршен. Каква е Вашата понуда во овој важен сегмент од приказната?
* Што Ве инспирираше да влезете во угостителскиот бизнис?

- Уште нешто по што Сиеста се одвојува од другите локали е тоа што секој период од денот е проследен со префинета амбиентална музика, која што придонесува за пријатна атмосфера. Викендвечерите ни се веќе препознатливи по свирките на групата „Тајм Аут“.

- Јас сум дете израснато со угостителството, такто ми е познат угостител на еден од најстарите локали во Старата скопска чаршија. Растејќи во едно такво опкружување, секојдневно минувајќи низ скопските угостителски премрежја, сосема беше логично да се обидам да дадам уште еден мој придонес во понудата на градот, овој пат, на малку поинаков начин и со поинаков рецепт.

Ѓ.С.