Актуелно // Insta вести
Пример кој треба да се следи: Семејство отворило перална за да го вработат својот аутистичен син па дошле до генијална идеја (Видео)
Rising Tide Car Wash во Паркленд, Флорида, е нешто повеќе од обична перална за автомобили. Основачот Џон Д'Ери го започнал бизнисот за да им помогне на сите оние кои имаат аутизам како и неговиот син.
Екипажот, кој се состои главно од професионалци со аутизам, инспирира многумина за да почнат со промени во заедницата и ги поддржува луѓето со различни потреби обезбедувајќи им еднакви можности, плата и шанса за кариера.
По една деценија, пералната има десетици вработени. Кога го основале бизнисот во 2012 година, нивните перални годишно ги посетувале 35.000 автомобили, а сега, таа бројка пораснала на над 150.000 возила годишно.
Во продолжение погледнете ги овие вредни работници.
Фото:Youtube/screenshot