Принцот Хари во борба против таблоидите: „Ништо не им беше свето“!

Добивај вести на Viber

Foto: printscreen Youtube

Хари одлучил да започне правна постапка и да бара одговорност од британскиот печат бидејќи смета дека медиумите го прогонуваат него и неговото семејство.

Британскиот принц Хари вчера се појави пред суд и положи заклетва како сведок на судскиот процес што го започна против издавачот на таблоидот „Дејли мирор“, обвинувајќи го за хакирање телефони и други незаконски операции за следење.

Хари го обвинува издавачот на „Дејли мирор“ дека користел нелегални техники на „индустриски размери“ за да ги добие посакуваните резултати, но се очекува британскиот принц да биде вкрстено испрашуван и од адвокатот на обвинетата страна, кој ги оспорува обвинувањата.



Принцот Хари, 38-годишниот син на британскиот крал Чарлс III ќе биде првиот британски крал од втората половина на 19 век кој ќе биде сослушан пред суд. Пред него, во 1891 година, како сведок пред судот се појавил предокот на Хари, војводата од Кларенс и Авондејл, идниот крал Едвард VII, кој сведочел на судењето за скандалот со коцкање.

Хари одлучил да започне правна постапка и да бара одговорност од британскиот печат бидејќи смета дека медиумите го прогонуваат него и неговото семејство. Претставувајќи го случајот на принцот пред судот, адвокатот на Хари, Дејвид Шерборн, рече дека британските весници користеле хакирање и подметнување уште од детството на Хари за да добијат информации што можат да ги користат за сензационални насловни страници.


Адвокатот Шерборн тврди дека приказните за Хари биле главна инспирација за британскиот таблоид, кој ги опфатил сите аспекти од неговиот живот помеѓу 1996 и 2011 година со околу 2.500 статии - од повреди на училиште, преку експериментирање со марихуана и кокаин, до подеми и падови со девојки. „На таблоидите ништо не им беше свето или неограничено“, рече адвокатот на принцот Хари.