Принова во семејството Гејтс: Бил стана дедо-неговата ќерка го роди првото дете
Бил Гејтс стана дедо. Ќерката на ко-основачот на Мајкрософт, Џенифер Гејтс, на социјалните мрежи објави дека се породила. Таа и нејзиниот сопруг Најел Насар станаа родители на девојче.
„Испраќаме љубов од нашето здраво мало семејство“, напиша Џенифер покрај фотографијата од босите стапала на нејзината ќерка.
Таа е во брак со Насар од 2021 година.
Во ноември 2022 година, Џенифер откри дека е бремена и објави фотографии од нејзиниот стомак. “Благодарна“, напиша тогаш покрај фотографија на која позира со сопругот.
Џенифер и Насар се во брак од октомври 2021 година. Свадбата беше во Вестчестер. По повод првата годишнина, Џенифер му посвети емотивна објава на својот сопруг.
„Пред 365 дена се обврзавме засекогаш. Нашата свадба беше најнеземната, магична прослава, но да се биде во брак е уште подобро. Благодарни сме што можеме да ги оживееме овие спомени денес“, напиша таа.
„Оваа година со тебе ми летна, но она што ми носи најголема радост и утеха е тоа што знам дека имаме уште многу да живееме заедно. Те сакам повеќе отколку што можеш да замислиш“, напиша тогаш Насар.
Џенифер е најстарото дете на поранешните сопружници Бил и Мелинда Гејтс. Тие ги имаат и ќерката Фиби и синот Рори.
ФОТО: Инстаграм