Мажите родени во хороскопскиот знак Бик, важат за најдобри сопрузи. Тој е кроток, добродушен и верен. Никогаш нема да го запостави својот дом и семејството поради каков било интерес. Бикот ги обожава сопругата и децата, поради што дава сè од себе за да им ги обезбеди најдобрите услови за живот.
Овој тип на маж најчесто стапува во брак со жена која има подобар материјален и
социјален статус од него, затоа што се раководи од амбицијата да успее да се
пробие во повисоките општествени кругови.
Венера му дава исклучителна смисла за убавина, што придонесува Бикот секогаш да бара убава и згодна жена.