Пристигна моќниот астро период! Марс во Овен - 3 знаци ќе имаат неверојатна моќ

Марс, планетата на акцијата и енергијата, влезе во огнениот Овен и таму ќе остане до 5 јули оваа година

Напуштањето на Марс од Водните Риби и влегувањето во Овен претставува огромна промена што ќе ја почувствуваат сите хороскопски знаци.

Марс се враќа дома кај Овен, што значи дека овде ќе биде најсилен и незапирлив во своите намери.

Додека со Марс во Риби можеби се криеле човечките намери, сега ќе бидеме сведоци дека луѓето отворено го покажуваат својот гнев, бес, супериорност, но и доминација.

Марс во Овен е импулсивен и тврдоглав и го претставува машкиот принцип на однесување. Тоа значи дека припадничките на понежниот пол ќе бидат изненадени од однесувањето на мажите, кои ќе направат драстичен пресврт во своето однесување.

Марс во Овен е агресивен, лесно ги губи нервите и сака да ризикува! Луѓето ќе почнат отворено да покажуваат нетолеранција, но исто така ќе можат да ја искористат оваа енергија за да постигнат цели кои претходно беа навидум невозможни.

Со толку силно влијание на Марс, конфликтите се неизбежни на сите полиња.

Поради Марс во Овен, кај луѓето ќе се разбуди натпреварувачкиот дух и борбеноста, а инаетот ќе биде нуспојава. Ќе бидеме сведоци дека секој повеќе од кога било ги брани своите ставови, но и грешките, бидејќи Марс во Овен е силен и не признава пораз.

Марс во Овен најсилно ќе делува на трите знаци и тоа Овен, Стрелец и Лав.


Следна страна