Приватното здравствено осигурување како една од највредните придобивки за вработените

Добивај вести на Viber

Здравјето и благосостојбата на вработените треба да биде приоритет на секоја успешна компанија. Нема развој на едно претпријатие ако нема задоволни, среќни и здрави вработени. Грижата за нив треба да се спроведе и во пракса, а идеално решение за тоа е приватното здравствено осигурување, кое обезбедува поголеми права и подобра услуга во однос на задолжителното здравствено осигурување.

Овој тип осигурување е наменето за секој што сака повисок стандард на здравствена заштита и претставува додаток на основната здравствена заштита гарантирана со Законот за задолжителното здравствено осигурување. Со приватното здравствено осигурување се добива најквалитетна здравствена услуга во приватните болници и се избегнува чекањето за слободен термин во јавните здравствени установи. Истото е дотолку позначајно во услови кога болничките трошоци во приватното здравство се доста високи. Со овој тип осигурување побезгрижно е лекувањето во приватните болници, затоа што осигурителните пакети предвидуваат покривање на значаен дел од трошоците направени за користење на здравствените услуги.

Раното откривање на здравствените проблеми и точната дијагностика обезбедуваат навремена нега и грижа за здравјето на секој вработен. Соочувајќи се со многубројни предизвици на здравствените системи, како што се проблемите при закажување лекарски преглед, недостигот од термин за здравствена услуга, недостапна терапија итн, Кроација осигурување - неживот воведе CROCARE пакети за доброволно здравствено осигурување, кои овозможуваат брза и лесно достапна медицинска услуга. Тоа значи директно одење на лекар, без бескрајни редици и губење време. Заедно со удобноста и квалитетот на здравствената услуга, посебна предност е обезбедената поддршка во текот на лекувањето и директно плаќање во болниците, кои се дел од партнерската мрежа.

Постојат неколку CROCARE пакети, кои вклучуваат различно ниво на медицинска заштита. Стартните пакети CROCARE lite и CROCARE lite+ вклучуваат болничко лекување и лекување од малигни заболувања, додека основниот пакет CROCARE, како дополна на почетните пакети, нуди и специјалистички прегледи во сегментот на превентивната нега. Пакетот CROCARE+ како дополнување на основниот пакет овозможува и комплексна дијагностика, додека CROCARE flexy како дополнување на основниот пакет ги покрива трошоците за набавка на лекови, како и за физикална терапија.

CROCARE осигурувањето е без сопствено учество во штетата, односно 100 проценти ги покрива трошоците за здравствените услуги, кои директно се плаќаат во болниците преку сопствениот Контакт-центар на Кроација. Притоа секој осигуреник, преку својот личен профил на „Моја Кроација“, може  онлајн да пријавува и да ја следи секоја штета. Ова осигурување обезбедува и територијално покритие за операции и болничко лекување низ цела Европа.


ПР објава