Привикнување
Некој ме погали по раката. Рипнав и погледнав околу мене. Сум задремала. Над мене го видов Кире. Во десната рака држеше послужавник со два филџани кафе. Ми се обрати: „Вики, си заспала. Те разбудив бидејќи на столов ќе се здрвиш. Знам дека не си љубител на кафе, но и тебе ти донесов да се расониш“.
Го зедов кафето и го ставив на маса. Не можев да излезам од кошмарот во кој сношти бев затечена и му реков на Кире: „Што се случува Кире? Мора да разговарам со Стив. Оваа ситуација не ми се допаѓа. Доаѓам во нова средина и навистина имам потреба од поддршка. Се чувствувам како животно фатено во замка. Леа ја знам од дете, секогаш била лоша и перфидна. А Стив? Зошто ме донесе овде? Не очекував првиот ден да се однесува безобразно. Наместо заштита јас од него добивам убод од нож в грб. Тебе сега те запознав. Знаеш дека сум немоќна. Не можам уште да си дојдам при себе. Тешка ми беше разделбата со моите, овде ми треба ужасно многу време да се приспособам. Морам да разговарам со Стив“.
Кире се обиде да глуми дека сè е во ред и дека не го интересира, но и кај него почувствував доза на вознемиреност. Очите му беа замаглени, а движењата нервозни. Се обидуваше вниманието да ми го оттргне накај кафето.
Шмркна од неговиот филџан и ме понуди: „Пробај го кафето. Многу е убаво“. Јас бев упорна: „Кире, остави го кафето, јас не пијам кафе, но ако инсистираш ќе го испијам. Кажи ми што сè случува“.
Цело време избегнуваше да каже нешто. Сè двоумеше, но бидејќи јас го чекав со отворена уста, длабоко воздивна и ми рече: „Вики, ти овде само што стапна. Туѓината е тешка. Има пари, но еден пад и сè губиш, паѓаш до дното и како во машина те мелат. Ако имаш среќа те извлекуваат или сам сè извлекуваш, а почесто паѓаш до дното и сè губиш засекогаш. Верувај ми, има и многу убав живот тука, но мораш да бидеш стрплива. Разговорот со Стив не би Ве одвел никаде освен во кавга. Извини, не можам повеќе да разговарам. Морам да го разбудам Стив, имаме обврски, а потоа треба да излезе со тебе“. Не видов во неговите зборови голема утеха, но сепак некако ми делуваше благонаклонето кон мене, и на некој начин ме успокои.
Кире замина во куќата, а јас уште седев и полека го пиев кафето. По некое време излегоа заедно со Кире. Стив кога ме виде му светнаа очите, ме прегрна, бакна и ми рече: „Мила моја Вики, добро утро“. Погледот му беше изморен и отсутен, но мил. Ми проструи низ мозокот дека може Кире да му кажал нешто за сношти или утринава. Не знам дали имале толку време. „Ние ќе излеземе со Кире по работа и ќе се вратам. Ти среди сè, па кога ќе дојдам ќе излеземе“, ми кажа Стив.
Останав сама. Се качив горе во спалната. Може да беше друг пат ќе се плашев сама, но со обзир на околностите стравот ми беше последна работа што би ми паднала на памет. Влегов во бањат, се истуширав, а потоа и се нашминкав. Слегов во кујната. Си зедов две топки сладолед и си турив кока-кола. Пуштив телевизија и по некое време некој тропна на вратата.
Тоа беше Стив. Си дојде. Од врата кога влезе и ме виде му се озрачи целото лице. Се доближи до мене и искрено посакав да ме бакне и прегрне. Ми требаше заштита, а тој беше овде. Како да ми ја прочита мислата, ме прегрна и го добив најубавиот бакнеж на светот. Почна со страст да ме бакнува по целото лице, рамената, вратот, а јас целата се здрвив. Како ме милувавме, така ми ја соблекуваше облеката. Насекаде ме бакнуваше. Тие страсни бакнежи сега ми беа најпотребни да се почувствувам пожелна и сакана. Се наведна надолу, ми ги рашири нозете, почна да ме лиже и како што ме лижеше со јазикот, целата треперев и доживеав врвен оргазам. Потоа јас се обидов да го лижам долу.
Тој цело време ме бодреше така што добив сила и навистина го обработував. Со устата му ја гризев кожичката, а со врвот од јазикот го влажнев врвот од неговиот кур. Стив по извесно време почна да ми шепоти и задоволството го надвладеа. Почна да се тресе и сврши со бурна реакција. Ме испрска по сите страни со неговата топла сперма. Јас бев сама на себе горда бидејќи сакав да станам вешта во водењето љубов.
Курот иако му беше млитав, полека влезе во мене. Го почувствував неговото пулсирање и полека почна да се здрвува. Јас го бакнував неговото тело, му ги штипкав бутовите. Со јазикот му ги гризев ушите. Ме заврти над него. Од почеток полека, а потоа како се зголемуваше и растеше неговиот кур, жестоко се набивав на него. Со усните ми ги бакнуваше градите и ми ги гризеше брадавиците. Измокрени и испотени од пот, страста нè приближуваше кон кулминацијата Оргазамот и двајцата почна да н со тебе тресе како мал земјотрес. Свршивме со громогласно викање и стенкање. Двајцата прилепени еден кон друг, лежевме извесно време.
Стив ме погали и ме пофали: „Вики со секое водење љубов, ти си сè подобра и подобра. Го сонувам нон стоп твоето извајано тело, а толку си страсна што со секое водење љубов, посакувам никогаш да не престанеме. Те сакам и сè заљубувам во тебе секој ден сè повеќе и повеќе. Искрен сум. Имам некои проблеми моментално со работата, но се надевам дека сè ќе се среди. Само те молам да бидеш трпелива“.
По речениците што следеа сфатив дека Кире му подрекол нешто. Но, како и да е, може Кире во добра намера сакал да го предупреди, а и добро што му кажал, бидејќи и ова е некој вид заштита, а јас молчев.
Малку се одморивме и отидовме кај родителите на Стив. Мајка му на Стив Елена, нè пречека многу љубезно, почувствував дека од срце и беше мило. Штом нè здогледа лицето ѝ заблеска од среќа. Ме избакна и ми шепна: „Вики, многу си ми пријатна. Знам колку е тешко да си сама во туѓина, но да знаеш: Јас сум прво човек, а потоа сè друго. За сè што имаш потреба обрати ми се слободно“.
Потоа. дојде и татко му на Стив, Миле. Ручавме сите заедно и потоа тој и Стив се повлекоа во работната соба. Јас и Елена, седнавме во дневната соба и разговаравме гледајќи телевизија.
ТУЃИНКА