Пробиотици стандарден пратител на антибиотската терапија при уринарни инфекции

Добивај вести на Viber

Бактериските инфекции се најчести болести на уринарниот тракт. Се делат на инфекции на горен и долен уринарен тракт. Почести се кај жените, додека кај деца речиси секогаш се поврзани со анатoмски абнормалности на уринарен тракт.

Честа причина за инфекција се камења во бубрезите, или зголемена простата кои предизвикуваат стаза во протокот на урина. Најчест предизвикувач е Е.coli, додека Pseudomonas, Enterococcus и Serratia можат да бидат внесени со инструментални испитувања. Катетеризација на мочен меур често пати може да биде причина за инфекција со Грам негативни бактерии.

Дијагнозата се поставува со правење на уринокултура со антибиограм. Лекувањето е најчесто со антибиотици. При третманот со антибиотици пракса е да се користат и пробиотици со цел да се минимизира лошото дејство кое антибиотиците го имаат врз нормалната микрофлора во човечкиот организам а што за последица многу често има дијареа асоцирана со антибиотици и други стомачни тегоби.

Пробиотици се „ добри бактерии“ кои служат за спречување на нарушувањето на нормалната цревна флора (при употреба на антибиотици) и зајакнување на одбранбените способност на организмот. Најчесто содржат живи, лифилизирани бактериина Lactobacillus ,Bifidobacterium, Bacillus subtilis и габиодтипот Saccharomyces boulardii. Најновите препораки се  да се додаде и цинк и витамин B6 со што се стопира дијареата и се засилува имунитеот. Цинкот придонесува за нормална синтеза на протеините и ги штити клетките од оксидативен стрес. Витаминот B6 служи за нормален метаболизам на протеини и гликоген.

Пробиотикот се зема 3 часа пред земањето на антибиотикот за да не дојде до уништување на пробиотските бактерии од страна на антибиотикот. Терапијата со пробиотици треба да ја прати антибиотската терапија и да продолжи уште една недела по завршувањето на антибиотикот за целосно да се стабилизира цревната микрофлора.

Д-р Трајче Јанкулоски, специјалист по урологија

* ПР - објава

фото: freepik.com