Ја продавала својата крв: Денес е милионерка, ја носи титулата најубава на светот, а секој маж со кој била ја оставил

Добивај вести на Viber

Ја продавала својата крв

Според животната приказна на Никол Шерцингер, може да се сними врвен филм

Поранешната фронтменка на бендот „Pussycat dolls“ Никол Шерцингер денеска гордо ја носи титулата на една од најубавите и најзгодните пејачки во Холивуд. Иако сега е милионерка која има армија обожаватели, нејзиниот живот пред богатството и славата воопшто не бил лесен.

За да се прехрани додека студирала, Никол се занимавала со секакви работи. Продавала шминка, пеела опери во италијански ресторан и верувале или не давала крв за да добие пари.

- Јас бев најсиромашна кога студирав. Давав крв за да добијам пари - признала и додала дека нејзиниот најчест оброк во тоа време биле палачинки со вода бидејќи биле евтини и заситувачки. Многу го сакам семејството, но никогаш немав некој што би ми купил автомобил или би платил часови по пеење или танцување. Сè постигнав сама, со мојот труд - изјавила Никол.


И покрај парите и славата, нејзиниот љубовен живот не бил лесен. Често се пишуваше за нејзините врски кои некако никогаш не завршиле онака како што таа сакала.



Сепак, конечно покрај себе има вистински маж, а неодамна таа и поранешниот рагбист Том Еванс ја прославија првата годишнина од нивната врска. Веќе некое време се шпекулира дека спортистот е решен да ја однесе пред олтарот, а многумина се согласуваат дека пејачката никогаш не изгледала подобро.


Вистина е дека Шерцингер немала среќа во љубовта пред Том. Една од посериозните врски ја имала со бугарскиот тенисер Григор Димитров (30), а како што се наведува таа ја прекинала врската бидејќи тој немал посериозни намери со неа.

Истото го кажа и нејзиното друго поранешно момче, возачот на Формула 1 Луис Хамилтон, со кој беше во врска 7 години. Сепак, Хамилтон еднаш истакна дека причината за разделбата е тоа што поради обврски не можел често да се гледа со Никол.


Фото: Инстаграм