Продолжува промотивниот период за подигнување готовина без провизија со American Express Point на банкоматите на Силк Роуд Банка и НЛБ Банка

Добивај вести на Viber

Силк Роуд Банка АД Скопје ги известува сите корисници на American ExpressPoint дебитната картичка дека е продолжен промотивниот период до 30.09.2020 година за подигнување готовина без провизија на повеќе од 200 банкомати ширум државата.

Сите корисници на картичката во текот на август и септември ќе можат покрај од постојната мрежа на банкомати на Силк Роуд Банка, да подигнуваат пари без провизија и трошоци и од целата мрежа на банкомати на НЛБ Банка во земјава.

American Express Point e дебитна картичка поврзана со транскациската сметка на корисниците. Картичката е единствена дебитна картичка со која се добива загарантиран поврат на средства од 1% при сите направени купувања во земјава, како и можност за поврат на средства и до 15% со направени трансакции кај трговците партнери во “Твој бонус” програмата на American Express. Аплицирањето за картичката е бесплатно и се врши единствено со документ за лична идентификација.

Повеќе информации за картичката може да добиете во експозитурите на банката, на веб страната www.silkroadbank.com.mk или на телефонскиот број 02/3203-555.