Проговори дадилката на децата на Наташа Беквалац: Ме разбуди силно врескање и галама
Дадилката на децата на Наташа Беквалац Ј.М дала изјава во полиција откако Лука Лазукиќ ја нападнал физички познатата пејачка.
Таа како што рекла а пренесуваат медиумите од Србија, не се вмешала бидејќи била исплашена.
-Бев во соба и ме разбуди врескањето и галамата. Уплашена седев и не смеев да излезам од соба. Ништо не видов до 10 часот кога Лука ги зема своите работи од станот и излезе и повеќе не сум го видела-раскажала Ј.М.
Дадилката на децата на Наташа е ретка личност која е видена дека излегува од зградата каде живее Беквалац.
Пејачката на блиските пријатели им рекла дека нејзиниот сопруг , со кој пред два месеци ја доби ќерката Катја, е мртов за неа и дека се надева оти ќе заврши в затвор бидејќи ја шамарал и удирал со раце и нозе пред нивната двомесечна ќерка.