#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

Добивај вести на Viber


  • AVON иФондацијата за жени на AVON го објавија партнерството вредно 300.000 доларисо Светската асоцијација на жени водичи и извидници(World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS)).
  • Партнерството ќе гради свесност и ќе едуцира за родовото насилство за да допре до милиони жени и девојчиња
  • Најавата е во духот на одбележувањето на 16 Денови активизам против родовото насилство, а козметичкиот гигант ќе охрабри милиони луѓе да прозборат и да слушнат(#SpeakOutListenUp)за знаците на родово насилство, напад и злоупотреба


AVON и Фондацијата за жени на AVON го објавија партнерството со Светската асоцијација на женски водичи и извидници(World Association of Girl Guides and Girl Scouts (WAGGGS))за борба против родовото насилство. Најавата е во знакот на 16 Денови активизам против родовото насилство, а самото партнертсво следи по истражувањето финансирано од страна на AVON Фондацијата, со кое се откри дека 38% од жртвите на насилство и злоупотреба не се сигурни каде да побараат помош, додека 60% од нив не веруваат дека ќе бидат сериозно сфатени.

AVON ќе соработува со WAGGGS за да ја осигура можноста дека поголем процент на жени и девојчиња ќе бидат способни да го препознаат родовото насилствои да ги знаат изворите од каде може да добијат помош. Како дел од партнерството, организациите ќе лансираат нова програма за обука и свесностза Претставниците на  AVON, како и за жените водичи и извидници во 3 земји: Јужна Африка, Филипини и Аргентина.  Целта на ова партнерство е да се креираат материјализа обука кои ќе може да се користат низ целиот свет, со потенцијал да допрат доповеќе од 15 милиони жени и девојчиња -обучени од AVON и WAGGGS.

Програмата е дизајнирана да гозасегне молкотнадвиснат надродовото насилство, охрабрувајќи ги жените и девојчињата кои се жртви на насилство и злоупотребабез страв да проговорати да ја добијат потребната поддршка.

Претседателката на Фондацијата за жени на AVON, Ејми Грин, изјави: “AVON Фондацијатае посветена на рушење на бариерите кои гикочат жените и девојчињата. Една од три жени е директна жртва на родово насилствоширум светот, додека семејното насилствое убиец на многу жениПремногу често, жените и девојчињата тивко страдаат, а препознавањето на знаците на насилствои злоупотребаможе да претставуваат потешкотија за пријателите и семејството. AVON сака да го отвори дијалоготза насилството врз женитеи девојчињата, да помогне во едукацијата и да ги охрабри луѓето да проговорат за тоа. Заедно со WAGGGS имаме простор и можност да допреме до многуминаи да направиме значителна разлика.”

Претседателката на Светската Асоцијацијана жени водичи и жени-извидници, Сара Нанколас, изјави: Насилството врз женитеи девојчињата е еден однајзастапенитеи светски познати нарушувања на глобалните човечки правакое добива епидемиски пропорции. Во партнерство со AVON Фондацијата,ние ќе ги поддржиме младите девојкии девојчињада станат носители на промените во сопствената околина, да почувствуваат дека имаат глас за борба и да градат свесностпреку разбивање на митовите со кои е обвиткано насилството и дискриминацијата. Ние сме благодарни за поддршката од AVON и AVON Фондацијатаво унапредувањето на оваа исклучително важна мисија.”

Покрај партнерството со WAGGGS, AVON останува посветен да биде глобален глаској ќе фрли светло на многуте форми на насилство, напади и злоупотребасо кои се соочуваат жените и девојчињата. Во текот на 16тедена активизам против родовото насилство, во периодот помеѓуод 25ти ноември10ти декември, AVON ќе донира средства од продажбата на производи од специјалата линија со син знак на бесконечност,со цел поддршка на невладини организации ширум светот кои се борат против родовото насилство. Досега, за таа цел, AVON Фондацијата икомпанијата AVON донирале 65 милиони долариво светски рамки.

AVON Македонија ја оствари својата прва донација во вредност од 10.000 долари во 2017та година, отпочнувајќи го партнертството со невладината организација Кризен центар “Надеж”. Средствата беа наменети за едукација, поддршка на СОС линијата и подобрување на условите на шелтер центарот.

Заложбите и посветеноста за креирање на подобар и побезбеден свет за жените и девојчињата продолжува и понатаму!