ПРОЈА, ЛЕПЧЕ ОД ХЕЉДА, ТЕСТЕНИНИ: Нутриционист советува како да се снајдеме додека имаме празни рафтови по маркетите

Додека има проблеми во државата со производството на бел и полубел леб и додека имаме празни рафтови по маркетите, граѓаните дома можат самите да си замесат леб, можат да употребат интегрално или брашно од хељда, да направат проја, да подготват тестенини или како замена за лебот да консумираат ориз. 

Нутриционистот Фани Гулевска вели дека најздрава варијатна е лебот од цело зрно, но како што вели со оглед на стандардот, повеќето граѓани не можат да си го дозволат. На луѓето им советува додека да се стабилизира состојбата со производството на лебот, да консумираат и пченкарно брашно. 

Детали на Фактор.мк