ПроКредит Банка, Кипу и Мастеркард обезбедија бесплатен коворкинг простор за поддршка на стартапите и фриленсерите

Добивај вести на Viber

Водени од својата посветеност за поттикнување иновации и економски прогрес преку поддршка на локалната заедница, ПроКредит Банка, Кипу и Мастеркард, нудат единствена можност за сите стартапи и фриленсери – целосно бесплатно користење на новиот коворкинг простор #HiveRoom. Разбирајќи ги потребите на модерните професионалци, и препознавајќи ги стартапите и фриленсерите како двигатели на модерното време, целта на овој партнерски проект  е обезбедување место за размена на идеи и знаења и креирање на силна заедница која ќе донесе позитивни промени и ќе поттикне развој на нашето општество.

„ПроКредит банка веќе 20 години е препознатлива како партнер на малите и средни бизниси, и овој проект е наш следен чекор кон придвижување кон новите модерни времиња и новите форми на претприемништво. Со обезбедување пристап до најсовремен простор за соработка, се надеваме дека ќе инспирираме и негуваме иновативни решенија и идеи, ќе им ја дадеме неопходната поддршка на стартап компаниите и фриленсерите, а преку тоа ќе придонесеме за јакнење на локалната економија, создавање работни места и растот на бизнис заедница.“ , изјави Милан Дамчевски, член на УО на ПроКредит Банка.

Андреј Џорџеску, претседателот на Управниот одбор на Кипу, посочи дека поддршката на стартапите и фриленсерите во процесот на развој на нивниот бизнис, вештините и партнерствата, не е само во насока на индивидуален раст, туку и кон создавање на силна бизнис заедница и поттикнување на креативноста и иновативноста. „#HiveRoom не е само деловен простор што нуди солидна инфраструктура, туку и место што ќе им даде на стартапите и фриленсерите можност за вмрежување и консалтинг услуги, со што ќе се постават на вистинскиот пат кон успехот.“, наведе Џорџеску.

„Фриленсерите и стартапите го менуваат начинот на работење во модерното време. Во таа насока сметаме дека поддршката кон нив е клучна за јакнење на бизнис заедницата.“, истакнаа од Мастеркард.


#HiveRoom е модерно опремен канцелариски простор, исполнет со дневна светлина и отворен поглед кон околината, и располага со 6 работни позиции кои модуларно можат да се користат за еден тим или за 6 индивидуалци. #HiveRoom се наоѓа на во рамки на новиот коворкинг простор на компанијата Property One на бул. „8ми септември бр. ¾”. Корисниците на овој простор имаат дополнително можност за користење на сите заеднички простории на Property One, вклучувајќи ги зоните за релаксација, кујна со бесплатни топли пијалаци, приватни шкафчиња, како и специјални простории за телефонски разговори.

За да бидете дел од HiveRoom потребно е да аплицирате на специјалната веб страна Hive Room | ProCredit Bank (pcb.mk) , со што фриленсерите имаат можност да резервираат една недела бесплатен пристап до #HiveRoom, a застартапите е овозможена опција за двонеделно користење на просторот. По пополнување на апликацијата, сите селектирани кандидати ќе бидат контактирани од тимот на HiveRoom, а селекцијата на кандидатите е по случаен избор согласно капацитетот на самиот простор.


Преку проектот #HiveRoom ПроКредит банка ја потврдува својата стратешка позиција како банка која ја поддржува локалната стартап и фриленс заедница. Понудата на бесплатен коворкинг простор се надоврзува на досега лансираните специјални продукти Фриленс Пакет и Стартап Пакет преку кои банката нуди уникатни услуги и поволности кои ги пресретнуваат проблемите во доменот на менаџмент на финансии со кои се соочуваат младите бизниси и поединците кои самостојно ги нудат своите вештини и услуги на странски пазари.

#HiveRoom ќе служи и како место за организација на тематски работилници и едукативни настани кои ќе бидат бесплатни и отворени за сите заинтересирани посетители со желба да разменат искуства и идеи, или да надоградат некоја своја вештина.

За повеќе информации, посетете ја веб страната Hive Room | ProCredit Bank (pcb.mk)

ПР објава