ПроКредит Куманово на нова локација во строгиот центар на градот

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка продолжува со активно ширење и модернизирање на својата мрежа. Вчераофицијално започна со работа новата експозитура во Куманово, во строгиот центар на градот на улицата Моша Пијаде број 18, во рамките на трговскиот центар Сума.

Ова е една од најголемите филијали на ПроКредит банка, која со својот модерен дизајн и проширени капацитети нуди современо искуство за своите клиенти кои можат брзо и лесно да пристапат до сите модерни банкарски услуги.

Покрај современиот ентериер и дигиталните услуги, клиентите на банката ќе наидат и на тим од посветени професионалци, стручни да понудат брза и персонализирана услуга, како и советодавна поддршка за своите клиенти со цел да донесат правилни и информирани одлуки. 

„Во ПроКредит Банка задоволството и удобноста на нашите клиенти се наши најголеми приоритети. Токму затоа остануваме посветени на континуирано унапредување на мрежата на филијали со решенија кои ќе ги задоволат потребите и ќе понудат технолошки напредни решенија. Пример за ова се 24/7 зоните, опремени со модерни банкомати коишто во секое време овозможуваат уплати и исплати во денари и евра, како и користење на сефови за дневен промет за бизнис корисниците“, велат од ПроКредит Банка.

Покрај подобреното искуство за клиентите, новата филијала овозможува и попродуктивна и поудобна работна средина за своите вработени, зголемувајќи ја нивната ефикасност и задоволство.

По филијалата во Куманово се очекуваат нови и модернизирани решенија за уште неколку постоечки филијали, но и отворање на нови локации. Сите информации за услугите во 24/7 зоните се достапни на веб страницата на ПроКредит Банка.

ПР објава