Пролетен моден водич за фустани: Какви модели ќе се носат оваа сезона?
Фаворити за оваа пролет !
Пролетта буди убави чувства во сите луѓе, и светот го гледаме низ призмата на различни пастелни бои. На момент, замислуваме како го носиме својот омилен пролетен фустан, додека ветерот не милува под пролетното Сонце. Зарем не е се поубаво во пролет?
Од цветни принтови, до фустанчиња на преклоп, во прилог ги издвојуваме нашите фаворити за оваа пролет.
- На едно рамо
Колку помалку откривате, толку повеќе делува женствено и секси, а токму овој детал-разоткривањето на едно рамо, го чини токму тоа. Оваа пролет, длабокото деколте или прекратките фустанчиња заменете ги со откривање на едно рамо.
2.Карнери - едноставни се и безвременски! Па зошто тогаш не би ги носеле во комбинација со фустанче?
3.Со каиш - идеален фустан за секоја градба и одличен избор доколку би сакале да ги истакнете облините.
4.Мини фустанче со долги ракави
Слатко, но во исто време и неформално. Погодно за секаква прилика
5.Впечатливи линии
Вертикалните линии ќе ја направат вашата става витка,а вашиот стајлинг впечатлив.
6.Плетено фустанче со цветни дезени
Инспирирани од модата во далечните 70-ти и оваа година, овие модели на фустани го заземаат едно од поглавните места во модната индустрија
7.Пастелни нијанси
Оваа нијанса е одлична за вашето секојдневие, но и за вечерните излегувања
8.Миди фустанче на преклоп