„Пролетна инфузија“: Дрво кое го имате во двор ќе ви помогне да го исчистите цел организам после зимата

Добивај вести на Viber

Многу луѓе имаат бреза во близина на станот или во дворот, но тие не знаат колку е тоа добро и можете да ја искористите за пролетна детоксикација. Ова дрво содржи вода, популарно наречена вода од бреза, и можете да ја најдете во скоро секоја продавница за здрава храна.

Ова дрво е полно со вода што лечи и може да се користи за детоксикација, чистење на црниот дроб и бубрезите. Се пие малку неколку пати на ден, затоа што ако испиете цела чаша, може да влијае на тоа веднаш да отидете во тоалет и така едноставно ќе помине низ телото, наместо да го прочистува.

Еве неколку придобивки од оваа вода:

-Го чисти телото од отпадни материи

-Елиминира вишок сол, фосфат, киселина, амонијак, како и одредени лекови

-Помага во работата на црниот дроб, ги елиминира супстанциите како што се алкохол, пестициди, заситени масти и ја олеснува работата на органите

-Придонесува за подобар изглед на кожата. Може да се нанесе и на кожата однадвор; искуствата на некои кои го користеле на овој начин укажуваат дека може да ја подобри еластичноста на кожата. Водата од бреза има антиинфламаторно својство, па затоа поволно делува на проблеми со кожата како акни и егзема.

-Ги ублажува проблемите со зглобовите. Покрај тоа, бидејќи помага да се исфрли вишокот на уринарна киселина, спречува натрупување на нејзините кристали во и околу зглобовите и со тоа ги ублажува воспалението и непријатноста предизвикана од оваа причина (т.н. гихт).

Придонесува за здравјето на забите. Водата од бреза содржи ксилитол, што е природен шеќер кој неутрализира одреден вид бактерии кои предизвикуваат расипување на забите. Во написот „Засладувач кој спречува кариес“, објавен од Канадското стоматолошко здружение, наведува дека редовната употреба на ксилитол го менува составот на бактериите во устата, го намалува нивниот број, а со тоа и нивото на киселина што тие го создаваат и која ја кородира забната глеѓ.

Ако имате бреза во дворот, можете сами да ја користите нејзината вода, но така што да не го оштетите целосно дрвото. Сè што треба да направите е да направите дупка во дрвото со големина од 5 сантиметри, да ставите мало црево во дупчената дупка, да го ставите во шише и да почекате да се акумулира водата. На овој начин можете да добиете до 5 литри вода.

Според народни верувања, брезата исто така може да се прегрне затоа што лечи и ослободува од негативна енергија.

Целата постапка како да ја извадите водата од брезата погледнете во видеото:


Извор: србијаданас.рс

Фото: принтскрин Јутјуб

Започнете го денот со вода од краставица: Шест придобивки кои ви се потребни токму сега