Пролетна колекција на LUSH

Добивај вести на Viber

И повторно Lush изненадува...  Нивната имагинација е незапирлива. Цел куп на нови лимитирани производи, повторно. Не сакавме да ги прикажеме како за „Денот на жената“, затоа што секој ден е одличен ден за покажување внимание и љубов. Или за разгалување на себеси. Погледнете дел од нив.

Honey Bear путер за тело и масажа.

Ова мече е нежна, топла прегратка. Фер тргуван какао путер и шеа путер и неодолив мирис на карамела. Мешавината од мед, темно чоколадо и тонка, ќе те вратат назад во детството...

Incredible Mum шумлива купка.

Затоа што навистина секоја мајка е неверојатна. И заслужува нешто навистина неверојатно. Зошто не ја почастиш со топла купка, која ќе и ја врати сета потрошена енергија, полна со бергамот и иланг иланг. Подготви и ја бањата и направи да се почувствува совршено.

Цветни шумливи купки.

Овие купки се вистинска иновација и уникатност. Во нивната внатрешност има ливче, кое можеш да го извадиш, да напишеш порака и да го вратиш повторно внатре. Особата на која што ќе и ја подариш оваа купка, освен што ќе ужива во совршена бања, ќе биде и крајно изненадена од напишаната порака.

Raspberry Milkshake сапун за тело.

Милкшекј од малини и лимон... Овој сапун е излез од секојдневната ртина на туширање. Освежителен, богат со семки од малини за нежна ексфолиација и мирисана пролет. Нека пролетта тропне на вратата.

Lemon Butterfly шумлива купка

Пеперутките сакаат цвекиња, а ќе ги засакате и вие кога оваа бомба полна со освежителен лимон за разведрување и сладок портокал за будење на сите сетила, ќе слета во вашата када.

More Tea and Sympathy шумлива купка

Дали е некој за топло разведрувачки чај. Овој чај се пие во вашата бања. Потонете во освежителното масло од нероли, помешано со масло од прочистувачки зелен чај.

Уште слатки изненадувања ве очекуваат во кралство Lush во City Mall.

Не ги пропуштајте.