Пролетта е на прагот: 3 вида фустани кои ќе бидат хит сезонава

Добивај вести на Viber

Пролетта е на прагот, а еве кои се „must have“ фустаните за оваа пролет.

Уште малку не дели од излегувањето од јакни и панталони, до целосно топли денови и време за пролетни фустани. Ако сте во дилема какви фустани ќе се носат сезонава, еве три предлози кои ќе бидат хит:

- Пуфкасти ракави

Моден детаљ кој ќе остане да трае и по завршувањето на зимата. Фустаните со пуфкасти ракави се неизоставено парче во бутиците, и нема воопшто да погрешите ако се определите за фустан со пуф ракави, без разлика дали ќе биде еднобоен или цветен, романтичен, разигран.

-Минимализам

Минималистички фустани се постојано во тренд, како во обликот, така и во бојата, едноставните фустани без детаљли се секогаш полн погодок. „Мал црн фустан“ никогаш нема да излезе од мода, дајте му шанса и оваа пролет, во било која од боите на пролетта.

-Плетени фустани

Плетените парчиња облека беа популарни во 70-те години, а оваа пролет повторно се враќаат со мода. Невообичаено е што покрај тоа што ќе бидат актуелни за на плажа, трендсетерите посебно ги истакнуваат како фустани за вечерно излегување.