Пронајдена турската актерка која изчезна по земјотресот: Кога ќе видите каде е, сѐ ќе ви стане јасно

Наводно куќата на турската убавица била во епицентарот на земјотресот, а тамошен новинар изјавил дека актерката последните денови им помагала на своите сограѓани...

Турската актерка Џансу Дере, која нашата публика ја обожаваше во серијата „Сулејман Величествениот“, е пронајдена откако нејзините обожаватели се загрижија кога се појавија информаци дека исчезнала по разорните земјотреси.

Имено, откако многу светски медиуми објавија дека една од најпопуларните тамошни актерки Џансу Дера исчезнала по разорните земјотреси, многумина почнале да ја бараат.

По неа се трагаше, а фановите ги загрижи тоа што по трагедијата не се огласуваше на социјалните мрежи.

Наводно куќата на турската убавица е во епицентарот на земјотресот, а тамошен новинар изјавил дека актерката во последните денови им помагала на своите сограѓани, но тоа не ги смирувало нејзините обожаватели.

На социјалните мрежи сега се појавија видеа на кои се гледа како актерката им помага на луѓето кои ги изгубиле своите домови.

Џансу, заедно со некои други колеги, му дава поддршка на турскиот народ во тешки времиња и заборави на славата.



Да потсетиме, 43-годишната актерка е родена во Анкара, а нејзиниот татко е имигрант од Бугарија. По дипломирањето, таа се посвети на манекенството и ја освои титулата Мис на Турција, што и ја отвори вратата за улоги во ТВ серии.

Нејзината прва улога беше во турската серија „Метропалас“ во 2004 година, а следната година глумеше во три серии „Аланчакаранлик“, „Аврупа Јакаси“ и „Гуз Јангани“. Две години подоцна ја доби главната улога во хит серијата Сила која ја прослави низ целиот свет, а позната е и по улогите во серијата Infiel и светскиот хит „Сулејман Величествениот“.


ФОТО: Инстаграм Screenshot