Пронајдено старо изгубено сребрено богатство-закопано во Балтичкото море 1000 години

Добивај вести на Viber

Стари сребрени монети, прстени и нараквици кои се поврзани со ерата на данскиот крал Харалд Гормсон се најдени од страна на археолозите на германскиот остров Риген во Балтичкото море закопани 1000 години.

Ова го пренесуваат странските агенции кои пишуваат дека прво една паричка е најдена од двајца археолози аматери од кои едниот е 13 годишно момче.


Монетите се најдени во село Шпроде во јануари, после што се вклучила државната археолошка канцеларија, а целото богатство го ископале експерти минатиот викенд.

Археолозите наведуваат дека околу 100 сребрени парички потекнуваат веројатно од периодот на владеење на Хералд Гормсон, кој живее во 10 век и го вовел христијанството во Данска.


Тој бил крал на областа која ја покрива сегашна Данска, северна Германија, јужна Шведска и делови на Норвешка.