Проверете дали сте под влијание на Сонцето или Месечината: Еве што значи ако сте родени во текот на денот или ноќта
Оние кои се родени кога Сонцето е на својот врв, односно околу пладне, претставуваат отворени луѓе кои се одликуваат со исклучителна храброст...
Сонцето игра важна улога во хороскопот, нашиот хороскопски знак се одредува врз основа на знакот во кој се наоѓа Сонцето во моментот на нашето раѓање. Астролозите истакнуваат дека сончевиот знак најсилно ја обојува нашата личност и темпераментот, а потоа следи подзнакот кој се одредува врз основа на часот на раѓање.
Исто така, времето на раѓање влијае на карактерот, односно дали сте родени дење или ноќе. Астрологот Кејси Бад објаснува дека тоа може да влијае на личноста, особините, способностите и талентите на една личност.
Тој објаснува дека оние кои се родени кога Сонцето е на својот врв, односно околу пладне, претставуваат отворени луѓе кои се одликуваат со исклучителна храброст.
Од друга страна, луѓето кои се родени во текот на ноќта можат да бидат порезервирани и поинтровертни, бидејќи тие се под поголемо влијание на Месечината отколку на Сонцето, како што објаснува астрологот.
„Меѓутоа, ако сте родени ноќе, но Месечината е сместена во горните астролошки куќи во моментот на раѓање, таа станува ваш водич и ја насочува вашата енергија“.
Луѓето родени во текот на денот најдобро ќе функционираат во текот на денот. Може дури и да забележат дека се „најдобри“, односно дека имаат најмногу енергија во моментот на нивното раѓање (наутро, пладне или попладне). Најчесто, луѓето родени во текот на денот се екстроверти, излезни, отворени, активни, лесно се запознаваат...
Луѓето кои се родени во текот на ноќта често можат да се наречат „ноќни птици“, бидејќи можат да остават многу важни задачи до крајот на денот. Исто така, тие имаат специфичен однос со нивниот сон. Тие можат да бидат поповлечени, да имаат свој свет, имагинативни, но другите аспекти во нивната родна карта ги поттикнуваат да се поврзат со другите и да ги изнесат своите таленти на светлината на денот.
Фото: Freepik.comИзвор: Najzena.alo.rs