ProYOUng - Со бесплатниот пакет за млади на ПроКредит банка добиј 6-месечна претплата на Spotify Premium

Добивај вести на Viber

ПроКредит Банка го лансираше новиот бесплатен банкарски пакет за млади, ProYOUng, кој во промотивниот период нуди единствена можност на пазарот што вклучува 6-месечна претплата на најпознатата музичка платформа во светот.

Пакетот е дизајниран задинамични и прогресивни млади луѓе на возраст од 15 до 25 години, нуди уникатни поволности со фокус на модерните навики на младите и претставува единствена можност за нив да го искусат најдоброто од дигиталното банкарско работење и да уживаат во бесплатна музика цело лето.

Освен бесплатна мобилна апликација и е-банкарство, дебитната картичка Mastercard и 6 месечниот бесплатенпристап до премиум услугите на најпопуларната музичка платформа во светот, корисниците на ProYOUng пакетот ќе уживаат и во други бројни бенефити на пакетот,  како бесплатни повлекувања на денари на банкомати на сите банки во земјата, бесплатни плаќања кон сите банки, бесплатни уплати и исплати во денари и евра на банкомати на ПроКредит Банка во Зони 24/7, како и Flexsave штедна сметка за флексибилно менаџирање на заштедите во секое време.

Од ПроКредит најавуваат дека под слоганот #BankLikeAPro ќе следуваат бројни едукативни иницијативи кои ќе го редефинираат начинот на кој младите пристапуваат кон банкарството и генерално, кон управувањето со личните финансии.

Аплицирај за бесплатниот пакет за млади на ПроКредит банка, остани секогаш онлајн со твојата банка, раководи лесно и брзо со твоите средства каде и да си и добиј 6-месечна претплата на Spotify Premium! Сите информации за бесплатниот ProYOUng пакет се достапни на веб страницата на банката.

Промоцијата трае од 15.05.2024 до завршување на количините. Бројот на гратис претплати на музичката платформа е ограничен. 

Пр објава