Животна училница // Приказни
Прозорите ни експлодираа пред очи, изгледаше дека светилката ќе падне врз нас: Сведоци за кобниот земјотрес во Турција
Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Во Турција и Сирија досега се потврдени најмалку 195 смртни случаи.
Очевидци на земјотресот опишаа како тој изгледал.
Сведок: Прозорците ни експлодираа пред очи
„Многу е студено и врне снег во моментов. Сите се на улица, луѓето се збунети што да прават. Пред нашите очи, прозорците на зградата експлодираа поради последователните потреси“, рече еден од сведоците во интервју за турскиот Би-Би-Си. Таа и нејзиниот брат спиеле на каучот кога се случил земјотресот.