Првa објава откако стана мајка: Ивана Малиќ партнерката на Биковиќ сподели прекрасна фотографија од семејниот дом и ги воодушеви сите
Ивана Малиќ ужива во топлината на домот со бебето и сопругот, а има и подароци во кои малиот ќе ужива.
Манекенката Ивана Малиќ неодамна го роди синот Василиј, а гордиот татко Милош Биковиќ по неколку дена го донесе семејството од болница. Заедно отидоа во станот што неодамна го реновираа и го уредија се што е во него да биде подредено за новиот член на семејството.
По враќањето од болница, тие уживаат во топлината на семејниот дом и додека Милош на својот Инстаграм ја сподели атмосферата од прославата што ја направи во чест на раѓањето на синот, Ивана до сега не се огласила на мрежите.
Меѓутоа, сега и таа реши да сподели малку од атмосферата од нивниот стан со своите следбеници.
Таа ги фотографирала преслатките „бодиња“ што ја чекаа неа и нејзиниот син кога ќе пристигнат дома. Тие се подарок за момчето, кое парот реши да го крсти Василије.
- Ти си најдобра - напишала Ивана во објавата.
Да потсетиме, еден од најпопуларните српски актери Милош Биковиќ од болница ги извади својата избраничка Ивана Малиќ и синот Василиј кој се роди на 9 јануари.
Малиот Василиј за прв пат пристигна во својот дом на 36. роденден на татко му. За Милош ова е сигурно најубавиот подарок што некогаш можел да го добие.
Фото:Извор: Glossy.espreso.co.rs