ПРВ СИМПОЗИУМ НА ТЕМА „ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА ТКИВА И ОРГАНИ – ДИЛЕМИ И ПРЕДИЗВИЦИ“

Добивај вести на Viber

„Трансплантација на ткива и органи – дилеми и предизвици“ е насловен меѓународниот Симпозиум, прв од ваков карактер во Република Македонија.

Организатор и домаќин на Сипмозиумот е Клиничката болница АЏИБАДЕМ СИСТИНА, а ќе се одрживо сабота, на 9 јуни, со почеток во 11.00 часот.

На Симпозиумот, со стручни презентации и свои предавања ќе учествуваат еминентни експерти од областа на трансплантацијата на ткива и органи од здравствената групација „Аџибадем“ од Турција, како и домашни експерти од Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ од Скопје.

Гости-предавачи и теми:

Проф. Д-р Ерџумент Овали, тема: Трансплантација на хематопоетски матични клетки и стратегија за манипулација со трансплантатот.

Проф. Д-р Сирет Ратип, тема: Предизвици во хаплоидентична трансплантација

Проф. Д-р Хамди Каракајали, тема: Нашите искуства со трансплантација на црн дроб во Центарот за трансплантација на органи во ,,Аџибадем”, вклучувајќи ги и пациентите со стеноза на портална вена.

Домашни-предавачи и теми:

Проф. Д-р Борче Георгиевски, тема: Трансплантација на хематопоетски матични клетки во Република Македонија

Асс. Проф. Д-р Александра Пивкова Вељановска, тема: Криопрезервација на автологни периферни матични клетки – сегашност ии идни перспективи

Асс. Проф. Д-р Владимир Чадиковски, тема: Кадаверска трансплантација на Балканот: Возможна мисија?


Симпозиумот е акредитиран од Лекарската комора на Македонија и се очекува предавањата да ги следат повеќе од 100 доктори од Македонија и од земји од Регионот – Турција, Србија, Бугарија, Албанија и Косово.