Првачињата Љупка и Иво се плод на нивната љубов: Водителот Ненaд Ѓорѓиевски и Горана прославија 11 години брак

Два поводи за славење имаше вчера во семејството на ТВ водителот Ненaд Ѓорѓиевски .

И двата важни за семејството, 11 години брак со сопругата Горана и тргнување во училиште на нивните дечиња, близнаците Љупка и Иво кои се првачиња.

По тој повод, Ненaд објави фотогрaфии од нивнaтa свaдбa, но и од првиот школски дена на близнаците .






Како почнала нивната љубовна приказна...

Популарниот водител Ненад Ѓоргиевски сопругата Горана ја запросил на годишнина од нивната врска во еден познат скопски ресторан. Токму таа пред неколку години за магазинот „1Е“ ги сподели впечатоците од романтичниот чин.


- Бев пријатно изненадена од начинот на кој сè беше организирано, одвоена маса преубаво декорирана, но не ни претпоставив што планира. По еден час евоцирање на најинтересните моменти поминати заедно се појави келнерот со главното јадење, но наместо тоа, во месингеното звоно имаше прстен. Следниот момент Ненад беше клекнат пред мене со прашањето „Дали ќе се омажиш за мене“. Секогаш кога се присетувам на тој момент го доживувам како прекрасен сон–раскажа Горана.

Плод на нивната љубов се слатките близначиња Љупка и Иво.

Фото: Инстаграм


Водителот Ненад Ѓорѓиевски со семејството му се насладува на летото: Уживаат максимално на одмор