Првата црна жена од Африка која го освои врвот на светот

Добивај вести на Viber

Алпинистката Сарај Кумало (47) која вчера го достигна врвот Монт Еверест, стана првата црна жена Африканка која го освои највисокиот светски врв, соопштија организаторите на нејзината експедиција и владата на Јужна Африка.

Таа успеа да го освои врвот висок 8.850 метри после три неупсешни обиди поради временските услови и земјотресите во 2015 година.

„Родена во Замбија, со потекло од Руанде и државјанка на Јужна Африка, оваа сестра на Африка имаше цел да стане првата црнкиња од Африка на врвот Еверест“, напиша во својата објава на „Фејсбук“ организаторот на експедицијата.

И владата на Јужна Африка се огласи на својот твитер профил.

- Честитки до најсилната жена за тоа што стана првата црна жена од Африка која стигна до врвот на светот, освојувајќи го Монт Еверест - стои во објавата на „Твитер“.