Првата недела во јули пеколна за три хороскопски знаци

Веќе сте заинтересирани да дознаете што ве очекува на почетокот на јули? Првата недела ќе биде пеколна за три хороскопски знаци, дознајте дали сте меѓу нив

РИБИ

Минувате низ тежок период, лошо ќе се чувствувате и во првата половина на јули. Сепак, не очајувајте. Некои лоши работи е подобро да се случат сега, отколку подоцна. Стегнете заби, издржете ги сите хирови на луѓето од вашето блиско опкружување. Вашиот живот ќе биде многу подобар, но за жал, прво ќе треба да поминете низ пеколот. Ако ви е утеха, болката сигурно ќе биде исплатлива на крајот.

БЛИЗНАЦИ 

Доста чекавте! На почетокот на јули конечно ќе претрпите разделба со вашиот партнер. Ќе си ја преиспитувате одлуката, но немојте да бидете премногу самокритични. За кавга се потребни двајца, но заборавете сега на минатото и обидете се што е можно побргу да си најдете нова сродна душа.

ВАГА

На почетокот на јули ќе се збогувате со човекот со кого требаше да се разделите многу порано. Ако ви е за утеха, ова е вистинскиот потег. На крајот, ќе се смеете повторно. Но, ќе мора да почекате.