Први фотки од Џенифер и Бен Афлек од медениот месец: Таа блеска во фустан во бојата на љубовта

Добивај вести на Viber

Џенифер и Бен Афлек уживаат на меден месец во еден од најромантичните градови во светот. Со нив се и неговите ќерки од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Првите фотографии на познатиот пар ја потврдуваат изјавата на матичарот кој ги венча минатата сабота во Лас Вегас.



А матичарот за Џенифер и Бен Афлек рече: „Имав над 10.000 свадби и од оваа позиција во животот можам да ги оценувам паровите - навистина почувствував дека тоа е она вистинското меѓу нив“.



Таков впечаток добиваат и фотографиите од Париз каде Џенифер ја гледаме во одличен фустан во љубовната боја – црвена. Двојката беше фотографирана по нивното пристигнување во француската престолнина, во полежерна мода, а потоа елегантно облечена додека одеа на вечера. Со нив се и ќерките на Бен, Вајолет (16) и Серафина (13), пишува „Дејли мејл“.



Младенците кренаа голема помпа кога пристигнаа во Градот на светлината, а нивната венчавка беше повеќе од покриена од медиумите. Тоа се случи нешто повеќе од една година откако ја обновија старата љубов во мај 2021 година, која започна пред две децении, а прекина во 2003 година, непосредно пред свадбата. Џенифер на венчавката облече два фустани и го зеде презимето на сопругот, што не ги израдувало нејзините обожаватели.

Ова е четврти брак за познатата пејачка и мајка на две деца, близнаците Ема и Макс (14), кои ги имаше со поранешниот сопруг Марк Ентони. Афлек го има и синот Семјуел (10) со Џенифер Гарнер.

Неколку дена по неговата венчавка, Џенифер Гарнер беше забележана во Лос Анџелес во многу нерасположена состојба, а потоа беше видена на снимање на филм повеќе од добро расположена.


Фото: Инстаграм

Од вчера, нарекувајте ја Џенифер Афлек! Пејачката реши да го земе презимето на новиот сопруг и сите се топат од љубов: Стигна првата фотка и ова е доказ за голема љубов