Првиот Божиќ во кралското семејство: Принцезата Дајана се посрамотила пред принцот Чарлс

Таа не ги знаела правилата.

За многу луѓе, првиот Божиќ што го поминуваат со семејството на нивниот партнер може да биде предизвик, па дури и страшен настан. Покојната принцеза Дајана го почувствувала тоа на грб кога првпат се омажи за Чарлс во 1981 година и го прослави својот прв Божиќ со семејството од „сина крв“.

Таа тогаш се посрамотила пред сите нив и се чини дека Чарлс имал „удел во тоа“.

Имено, кралското семејство има малку поинаква традиција за Божиќ од „обичните смртници“. Наместо корисни и вредни подароци, тие си даваат едни на други бесмислени, симболични и смешни подароци.
Тоа има смисла затоа што тие имаат доволно пари да си дозволат што сакаат кога и да сакаат. Принцезата Дајана, сепак, не знаела за овој обичај, а Чарлс заборавил да ѝ го спомене.

И така, Дајана купила џемпер од кашмир за принцезата Ана, ќерката на кралицата Елизабета. Таа се изненадила кога Ана ѝ дала држач за тоалетна хартија, а кралското семејство во тој момент пукнало од смеа, меѓу нив и Чарлс. Дајана од срам сакала да „пропадне во земја“.

извор:srbijadanas.com