ПРВИОТ И ЕДИНСТВЕН ЦЕНТАР ЗА КАТАРАКТА ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ЈУБИЛЕЈ

Добивај вести на Viber

Скопје. Промедика Очна Хирургија го одбележа своето едномесечно постоење со извршени 65 операции на катаракта.

Промедика Очна Хирургија започна со работа на 6 јуни оваа година предводена од др. Наум Трпеноски, долгогодишен очен хирург со специјалност во хирургијата на катаракта заедно со својот тим. Покрај експертизата на тимот, за успехот на овој центар голема заслуга има и врвната нејзина опременост со најсовремена апаратура и материјали.


„Воспоставеноста на квалитетот уште на самиот почеток ни го донесе овој рекорден резултат. Промедика Очната Хирургија како еден современ центар за катаракта е спој на извонреден кадар, опрема и простор и има за цел работа исклучиво со премиум импланти и врвна опрема. Во соработка со Промедика го донесовме брендот Bausch and Lomb чиишто производи се неприкосновени и единствени во својатата бранша, а опремата и инструментите се од германската компанија Zeiss. “ – истакна др. Наум Трпеноски.

Др. Наум Трпеноски го оформи тимот на очната хирургија во Промедика и располага со искусни и добро обучени специјалисти офталмолози, како и целосен тим за успешно делување во центарот.


Лидерот на Центарот, др. Трпеноски во досегашната своја кариера има извршено над 10.000 операции на катаракта и глауком, и е првиот очен хирург што ги воведе и изврши првите операции на катаракта со ултразвук во државното здравство.

До нова година, Промедика Очна Хирургија го планира своето проширувањето во сите сегменти на офталмологијата. А во септември ќе ги доближи своите услуги и до жителите на општина Аеродром каде се планира отворање на нова современа очна амбуланта со која ќе раководи др. Марина Ковачевска Трпеноска.


Во склоп на Промедика, покрај новоотворениот оддел за очна хирургија како специјализиран центар за катаракта, функционираат и центрите за стоматологија, медицина, убавина и фитнес, како и поликлиника со аптека.