Прво ти научи да бидеш среќен, па тогаш ќе можеш да ги научиш и твоите деца да бидат среќни

Добивај вести на Viber

Еден мудрец пешачел по патот, уживајќи во природата и пролетните бои. Одеднаш видел некој маж кој носел товар на својот грб. 
- Зошто се осудувате на таква напорна работа? – прашал старецот. 
 - Се мачам за да моите деца и внуци бидат среќни – одговорил несреќникот. 
 -Мојот прадедо се осуди себеси на тежок живот за добро на дедо ми, дедо ми за доброто на мојот татко, татко ми за мое добро, а јас ќе се мачам за доброто на моите деца.
- Дали некој во вашето семејство е среќен? – прашал мудрецот.  Засега не, но се надевам дека моите деца и внуци ќе бидат среќни, одговорил мажот.      
-  За жал, неписмениот човек не може да го научиш да чита, одговорил стариот мудрец. Прво мора да се научиш ти да бидеш среќен, па дури тогаш ќе можеш да ги научиш и твоите деца да бидат среќни. Тоа ќе им биде најдобар подарок од тебе.