Психата создава болест: Човекот е она што го мисли во текот на цел ден

Добивај вести на Viber

Зависно од тоа како ги користиме, мислите може да бидат отров за нашето тело, но и лекувачка сила за многу болести. 

„Човекот е она што го мисли во текот на цел ден“- напишал американскиот есеист, Ралф Валдо Емерсон.
Тоа е само една од бројните изреки за моќта и силата на нашите мисли. Знајни и незнајни, потпишани и непотпишани автори дале свој допринес на една од најинтересните поглавја на човечката психологија.
„Мислиш ли дека можеш или мислиш дека не можеш, во двата случаи си во право“, е позната изрека од арсеналот современи теории за позитивно размислување. А научниците кои го проучувале влијанието на мислите на нашето тело, одамна ја констатирале вистината која би можела да биде искажана отприлика вака: „Го погледнам ли твоето тело денес, знам какви биле твоите мисли вчера. Познавајќи ги твоите мисли денес, можам да почувствувам како утре ќе изгледа твоето тело.“

Неверојатно е силна и тесна врската на нашите мисли и наши тела, наши стравови, треперења, разочарувања или радости во однос на сите оние промени на ткивата, органи и органски состави. За жал, за таа врска се говори и пишува многу помалку отколку што би требало. 

Психата создава болест 
Една студија од 1987 година потврдила дека ракот на дојка се шири побрзо меѓу жени кои чувствуваат изразена безнадежност и фрустрации во животот, страв или други негативни емоции. 
Некогаш само тесен круг на физички болести се нарекувал психосоматски заболувања. Тука го вброивме и високиот крвен притисок, чир на желудник, подоцна инфракт и...тука листата обично завршува. Денес веќе докажано се знае дека низа болести - и тоа болести од физичка природа - се предизвикани од психички чинители. На пример да наведеме некои: воспаление на слепо црево, болести на метаболизмот, всушност се влошуваат со негативни емоции, ставови, стравови и предрасуди.
Многу научници тврдат дека очајот и безнадежноста го зголемуваат ризикот од срцев напад и рак.