Пушачите се свесни за ризикот од цигарите, но продолжуваат да пушат – како да им се помогне?
Во моментов има повеќе од една милијарда пушачи во светот и се очекува овој
тренд да се задржи најмалку до 2025-та година. Благодарение на интензивните
кампањи за едукација за бенефитите од здравиот начин на живот кои беа актуелни
во 90-тите речиси не постои пушач кој не е свесен за ризиците, но сепак не се
откажува. Како да им се обезбеди подобра алтернатива на возрасните пушачи кои продолжуваат
да пушат?
Сѐ поактуелни се производите кои се помалку штетни, но се релативно нови на пазарот, меѓу кои е и иновативниот производ IQOS (Ајкос) на Филип Морис кој е единствен од ваков тип кој има дозвола за продажба од Управата за храна и лекови на САД (ФДА). Од минатиот месец овој уред е во продажба и кај нас.
Досегашните истражувања покажуваат дека овие уреди ја намалуваат изложеноста на штетните материи од цигарите кои предизвикуваат болести поврзани со пушењето до 95%. Овој научно потврден податокпроизлегува како од истражувањата на Филип Морис, така и од државни извештаи од неколку земји (САД, Ирска, Германија, Јужна Кореjа) како и преку 25 независни истражувања, во кои стои дека “IQOS (Ајкос) уредите произведуваат значително помалку штетни материи од обичните цигари“. Овие податоци беа презентирани на последната онлајн панел дискусија посветена на намалување на ризикот од тутун презентирани од страна на д-р Жизел Бејкер, Директор за научнасоработка во ФМИ.
Покрај д-р Бејкер на панел дискусијата учествуваа и д-р Реувен Зимлихман, директор на кардиоваскуларниот истражувачки оддел при Факултетот за медицина во Тел Авив и д-р ПетерХарпер, поранешен претседател на онколошкиот оддел во болницата „Св. Томас“ – Лондон, денес консултант за намалување на ризик во ФМИ. Овие научници во излагањата ги презентираа заклучоците за производите со намален ризик, меѓу кои се и IQOS (Ајкос) уредите, релевантни во нивните експертизи.
Д-р Зимлихман во своето излагање нагласи дека производите со намален ризик се важни за оние пушачи кои не можат или не сакаат да се откажат од пушењето, бидејќи тој многупати бил сведок како пациенти со кардиоваскуларни или респираторни болести излегуваат во дворот на болницата да запалат цигара и покрај свесноста за ризикот. Покрај тоа, тој нагласи дека откажувањето секогаш е најдобар избор, но дека етички е да се информираат лекарите за овие алтернативни производи и дека е нивна одговорност да ги пренесат овие информации на пациентите. Тој додаде дека најновите упатства на некои здравствени здруженија меѓу кои Европското кардиолошко здружение (ESC) и Американскиот кардиолошки колеџ (ACC) го земаат предвид потенцијалот на овие производи.
Д-р Харпер пак, презентираше податоци дека дури 64% од пациентите на кои им бил дијагностициран рак на белите дробови не се откажале од пушењето и дека за да се забележи разликата и позитивните ефекти кај оние кои ја направиле промената од согорливи цигари на производи со помала штетносте потребно време. Д-р Харпер нагласува дека е потребен прагматичен пристап базиран на научни докази кој треба да биде применет од сите креатори на закони и регулативи низ светот за намалување на ризикот од пушењето.
Како заклучок од изнесеното произлегува дека производите како IQOS се создадени да обезбедат подобра алтернатива, со помал ризик од обичните цигари, а ова е навистина поддржано од голем број на научни истражувања.