Пуштив солза за ќерка ми: Кили го откри полот на бебето на Јоана

Актерот Кирил Поп-Христов откри дека неговата ќерка Јоана, која на крајот на март се омажи во Еквадор носи машко бебе. Актерот, кој од неодамна е повторно вработен во Македонскиот народен театар, за „Ексклузив“ изјави дека е пресреќен што Јоана и нејзиниот сопруг, Родригез Сориа Хосе Луис чекаат син.

Јована и Родригез Сориа Хосе Луис чекаат син

Јоана е во осмиот месец од бременоста, а Кили вели дека жали што токму кога била свадбата, тој бил во Австрија и не можел да присуствува. 

„ За жал, јас тогаш бев во Австрија. Но, животот е суров. Мислев дека ќе ми биде тешко, пуштив некоја солза. Тогаш бев во Виена кога се вклучија во живо, а вистинската забава ќе се случи кога ќе се вратам“, рече актерот за „Ексклузив“.

Кили на Фејсбук објави фотографија од ќерката која е во осмиот месец од бременоста 

„Совршено сум пресреќен зашто им ја гледам љубовта како дури и прекипува. Колку е тоа прекрасно кога сакаш. Бебето ќе биде маестрален производ на тоа силно сакање“, напиша Кили на својот Фејсбук профил по свадбата на ќерката. 

Тој додаде дека најважната работа на која сака да го научи внукот е да биде среќен и да живее за денес, а не за утре. Кили со сопругата, Гордана Деан Поп-Христова и со ќерката неколку години живееја во Еквадор, па се вратија во Скопје.