РАБОТЕТЕ НА СЕБЕ ЗА ДА ИМАТЕ УБАВО ТЕЛO: Домашен рецепт против стрии

Добивај вести на Viber

Стриите обично се појавуваат во пределот на абдоменот, горниот дел од рацете, на задникот и на градите. Но, има рецепт кој ќе ви помогне во нивното намалување, а можете да го направите сами дома. За да има ефект, ова мора да го практикувате редовно. 

Употребата на лимонов сок е еден од полесните начини за отстранување на стриите. Лимоновиот сок е природна киселина, чии својства се идеални за справување со стрии, акни, лузни и други оштетувања на површинската кожа. 

– Лимоновиот сок со кружни движења тријте го на стриите.

– Оставете го сокот на површината на кожата и почекајте 10тина минути да се впие.

– Потоа исплакнете ја кожата со топла вода.

– Правете го ова три пати на ден, се додека не ги добиете посакуваните резултати.

Истово можете да го правите и со сок од компир, затоа што неговиот сок содржи минерали и витамини кои се погодни за раст и регенерација на клетките на кожата. За ова, не е неопходно да го ставате компирот во соковник, бидејки кога тој ќе се исече на парчиња самиот ослободува течност, па така можете кожата нежно да ја триете со парче компир. Постапката е иста како и со лимоновиот сок.