ЕПП // ЕПП
Радмила Соколоска најдобар банкарски службеник од Силк Роуд Банка за 2020 година
- 30 Октомври, 2020
По повод Светскиот ден на штедењето кој денес поради пандемијата предизвикана од ковид-19 вирусот беше одбележан со користење на дигитални средства од страна на Македонската Банкарска Асоцијација во соработка Фондот за осигурување на депозити, беа прогласени најдобрите банкарски службеници за 2020-та година.
За најдобар банкарски службеник од Силк Роуд Банка е избрана Радмила Соколоска од Службата за мрежа на експозитури – експозитура Прилеп.
По тој повод, Силк Роуд Банка на сите вработени, клиенти и останати соработници и партнери им го честита Светскиот ден на штедењето 31-ви октомври.
ПР објава