Надал ќе стапне на лудиот камен: Тенискиот ас ќе ја ожени љубовта од своето детство

Се очекува голема прослава и повеќе од 500 поканети гости, следниот месец во Мајорка

По 14 години врска, Рафаел Надал (32) ќе стапне на лудиот камен со Марија Франциска Перељо (30), неговата љубов од детството. Тој ја запроси својата девојка пред неколку месеци, кога популарната двојка беше на романтично патување во Рим, а свечената церемонија ќе се одржи следниот месец во Мајорка.

Околу деталите за свадбата, Марија имала посебни барања во врска со храната, за која ќе биде задолжен познатиот шпански кувар Quique Dacosta, а познатиот тенисер ќе ужива во оброк, базиран на зеленчук. За останатите гости е планиран традиционален шпански ручек со месо и риба, откива шпанскиот „Telenco“.

Точниот датум на венчавката уште не е познат, но се шират гласини дека Рафаел може да го испушти годинашниот турнир во Вимблдон, за да ужива во медениот месец. Инаку турнирот The French Open, на кој ќе учествува Рафаел ќе биде одржан од 26-ти мај до 9-ти јуни, па се претпоставува дека венчавката отприлика би била во периодот од 10-ти јуни до почетокот на месец јули.

Инаку, Марија е директорка на хуманитарната фондација која Надал ја основа уште пред една деценија, а дипломирала бизнис. Рафаел во неколку наврати има изјавено дека е „семеен човек“ и дека сака деца, но и дека поради тенисот досега немал можност да се посвети на проширување на семејството.