Рафаел Надал и сопругата го открија полот на бебето: Наскоро пристигнува плодот на нивната љубов

Откако неодамна се расплака поради својот колега Роџер Федерер, Рафаел Надал сега има причина за славење.

Шпанскиот тенисер и неговата сопруга Мери Перело го очекуваат своето прво дете по 17 години љубов. За шпанскиот магазин Hola! парот открил дека чекаат момче, пишува dailymail.co.uk

Истиот магазин ја објави веста за бременоста во јуни, по неколкунеделни гласини дека саканата на Надал од детството е бремена, кога таа беше видена во јавноста во широка облека.

Во неделата, Надал ја потврди веста на прес-конференција одржана во Мајорка.

Тие тврдат и дека славниот пар би можел да го именува својот син Себастија, со оглед на тоа што тоа е името на таткото и прадедото на Рафаел.

Познатиот пар се венча во октомври 2019 година на Мајорка, а наскоро ќе пристигне и плодот на нивната љубов.


Фото: Youtube - screenshot - Fedal Tennis TV/Pinterest

(ФОТО) Какви часовници носат најпознатите тенисери на светот?