Раскошниот фустан на Данијела Димитровска зрачи со светски гламур: Поради неа српскиот црвен килим личи на холивудски

Добивај вести на Viber

Не ја носи бадијала титулата една од најубавите српски манекенки

Црвениот тепих кој беше поставен пред Сава Центар по повод отворањето на „Сината сала“ стана место каде српките познати личности го покажаа својот вкус за мода.

Но, светот како да застана кога манекенката Данијела Димитровска застана пред камерите.

Во блицот на фотоапаратот блесна раскошниот црн фустан, а таа позираше како што тоа впрочем и најдобро го знае.

View this post on Instagram

A post shared by DANIJELA DIMITROVSKA (@danijeladimitrovska)



Фустанот е модел на сирена, што значи дека строго ја следи линијата на телото и ја дава таа совршена форма на песочен часовник, но пламнува под коленото и му дава луксузен шмек на фустанот. Подлабокото деколте само го надополнува интересниот изглед, а нејзините голи рамена веќе го привлекоа вниманието на многу мажи.

Таа ги тргна шишките од лицето и ги истакна само очите со помош на потемна сенка, додека остатокот од лицето остана со поприродна шминка.

Манекенката дефинитивно малку светска мода спакувала и за овој настан.


ФОТО: Принтскрин инстаграм